Ибраимовски: Најголемата грешка е што згасне моето министереско место

од Берта Китинска
506 прегледи

Анализиравме во партијата што сме добиле од 2016 до сега. Имаше големо разочарување од целото тоа чекање нешто да се случи. Нашата партија е најстара ромска партија, регистрирана е дури и пред СДСМ, вели Самка Ибраимовски, претседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите кој вчера си поднесе оставка од функцијата заменик директор на Македонија пат.

За причините за незадоволство Ибраимовски вели дека тоа лежи во непочитувањето.

– Ја почитувавме одлуката на првиот претседател да бидеме лево ориентирани. Јас бев пратеник и потоа бев министер а пратеничката функција да ја преземе друг член од нашата партија. Мојот кабинет  беше посветен на Ромите и направивме многу. Направивме проблематични улици во ромски маала и обезбедивме средства за изградба на 25 куќи за Роми во Кочани, исто и во Шуто Оризари направивме 13 улици и во 300 куќи направивме струја и така натаму. Со овој кабинет направивме многу. Владата требаше да направи анализа дека овој кабинет работел, но се случи да се згасне моето министереско место. И според мене тоа беше најголемата грешка, вели Ибраимовски во Утрински Брифинг.

Слични содржини