Американски претставници тврдат дека нападот на „Крокус сити хол“ во Москва во петокот го изршила најнемилосрдната фракција на Исламска држава од Корасан (ИД-К) и предупредуваат дека таа има можности и волја да изврши напад врз интересите на САД и на Западот во следните шест месеци, пренесува „Њујорк тајмс“.
Весникот наведува дека шефот на Централната команда на војската на САД, Мајкл Курила, го предупредил на 21 март Комитетот на Долниот дом на Конгресот дека „ИД-К поседува можности и волја да изврши напад врз интересите на САД и на Западот во следните шест месеци без никакво предупредување“.
Брус Хофман, истражувач на тероризмот во Советот за меѓународни односи, ги отфрла тврдењата на Русија дека зад терористичкиот напад во Москва стои Украина и укажа дека станува збор за „класичен модус операнди на ИД“.
„Станува збор за нивен трет напад на некој концерт на сверната хемисфера во изминатата деценија,“ вели Хофман и потсетува на нападот на театарот „Батаклан“ во Париз во 2015 година и бомбашкиот напад на концертот на пејачката Аријана Гранде во Манчестер во 2017 година.
Експертот за антитероризам, Колин Кларк, вели дека ИД-К е фокусирана на Русија во изминатите две години и често го критикува рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека таа група „го обвинува Кремљ дека има муслиманска крв на своите раце, алудирајќи на интервенциите на Москва во Авганистан, Чеченија и во Сирија.“
Кларк додава дека има голем број на припадници на ИД-К од Ценрална Азија кои живеат и работат во Русија.
„Заканата од ИД останува голема грижа во борбата против тероризмот,“ истакна диреткорката на американската Национална разузнавачка служба, Аврил Хејнс, и укажа дека најголемиот број гловбални напади на ИД ги извела токму ИД-К.
ИД-К се создаде по доаѓањето на талибанците на власт во Авганистан во 2021 година кога еден нејзин приопадник, бомбаш-самоубиец, уби 13 американски службеници и 170 цивили. Иако многу напади на таа група се успешно изведени кај границата со Пакистан, повеќето нивни планови во Европа беа осуетени со помош на западните разузнавачки служби.
Во јули 2023 година, Холандија и Германија во заедничка акција уапсија седум Таџикистанци, Турци и Киргистанци поврзани со мрежата на ИД-К која беше осомничена за планирање напади во Германија.
„ИД-К засега примарно се потпираше на неискусни оперативци во Европа кои би извршиле напади од нејзино име,“ вели шефицата ба Националниот центар за борба против тероризмот, Кристин Абизед.
Но постојат загрижувачки знаци дека ИД-К учи од своите грешки. Во јануари, маскирани напаѓачи нападнаа Римокатоличка црква во Истанбул и убија едно лице. Набрзо потоа, одговорноста за наоадот ја презеде ИД преку својата официјална новинска агенција „Амак“. Турските сили за безбедност уапсија 47 луѓе, повеќето од Централна Азија.
Според извештајот на ОН објавен во јануари, неколку европски истраги ја обелодениле глобалната и вмрежена природа на финансиите на ИД, а Турција беше идентификувана како логистички центар на оперативците на ИД-К за Европа.