ИД објави фотографија од бомбата која го урна рускиот авион во Египет

од desk3
97 прегледи

Фотографија од наводните делови од бомбата која е употребена за уривање на рускиот патнички авион над Египет, убивајќи 224 лица, е објавена во магазин близок на Исламска држава.

Лименка и нешто што наводно е детонатор и осигурувач, се искористени за да се направи импровизираната бомба, а фотографијата е денеска објавена во магазинот „Дабик“.

На друга фотографија се прикажани пасоши на руските патници што загинаа во бомбардирањето на рускиот патнички авион, заедно со други документи кои ги заплениле борците на ИД.

 

МЕТА