ИД тврдат: Нападот во Ница е одмазда за Абу Омар ал Шишани, министерот за војна

од desk3
104 прегледи

Исламска држава слави за терористичкиот напад во Ница како одмазда за смртта на Абу Омар ал Шишани, таканаречениот министер за војна.

omar-abu-al-shishani-860x680
Најмалку 84 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени кога напаѓач со камион влета во маса луѓе додека го гледале огнометот на шеталиштето во Ница.

„Франција и Европа нема да бидат сигурни сè додека ние не живееме во сигурност на секоја педа од земјата на Калифатот“, напиша приврзаник на Исламска држава на „Твитер“, чиј профил во меѓувреме е избришан.

Еврообврзницата е блокирана! – Ќе има пари за плати и пензии?

„Ова е почеток на одмазничкиот напад за убиството на Абу Омар ал Шишани, нека Алах го прими кај себе“, напиша непосредно по нападот џихадист на форумот „Ал Минбар“, кој го користат припадниците на Исламска држава.

Абу Омар ал Шипани, кого Пентагон го нарече „министер за војна“ на Исламска држава, загина во борбите во ирачкиот град Ширкат, јужно од Мосул, соопшти завчера новинска агенција блиска до ИД.

 

МЕТА

Слични содржини