ИДЧПД: 43% од граѓаните имаат целосна доверба во здравствените работници

од Nikola Popovski
343 прегледи

Најновото истражување на Институтот за демократија, човекови права и дигнитет покажува дека само 43 отсто од македонските граѓани имаат целосна доверба во здравствените работници. Спротивно на таа бројка, мнозинството граѓани односно 57 отсто се изјасниле дека во здравствените работници немаат целосна доверба.

Добиените информации загрижуваат, со оглед на последните случувања во здравствените установи ширум државата.

Институтот за демократија, човекови права и дигнитет го спроведе ова истражување во период од 5 до 10 септември, оваа година. Во истражувачкиот процес учествуваа вкупно 2.000 граѓани. Истражувањето беше спроведено на територија на С.Македонија, со маргина на грешка до 2 отсто.

Институтот за демократија, човекови права и дигнитет е независна европска организација, која спроведува застапувања и истражувања од широк опсег на општествени области.

Слични содржини