Идеален појадок за викенд, готов за 30 минути: Направете гнезда од домати

од Vladimir Zorba

Овие вкусни домати за појадок се полнети со јајца и се печат во рерна. Готови се за околу 30 минути, додека доматите не омекнат и белките целосно не се испечат.

Многу лесно се прави, а изгледа прилично импресивно – идеален за викенд појадок, а зошто да не и за ручек и вечера.

Ќе ви требаат само неколку едноставни состојки:

2 големи и цврсти домати
маслиново масло
¼ лажичка ситна сол
½ лажичка црн пипер
½ лажичка лук во прав
½ лажичка сува мајчина душица
4 мали јајца
¼ чаша рендан пармезан
2 лажици сечкан магдонос за гарнир

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Исечете ги доматите на половина. Исечете мало парче од дното на секоја половина, така што доматот може да стои исправено без да се ниша. Внимателно отстранете ги семките и пулпата со лажица. Може да поминете со остар нож околу пулпата за да ја олабавите доколку е потребно.

Попрскајте ги издлабените домати со маслиново масло.

Ставете ги во сад за печење, со исечената страна нагоре.

Посипете ги доматите со сол, бибер, лук во прав и мајчина душица.

Искршете го секое јајце и стајте го во доматот. Ако јајцата се големи, ќе треба да фрлите дел од белките за да дозволите јајцата да се вклопат во доматите.

Половините од доматите прелијте ги со пармезан, по 1 лажица за секоја половина од доматите.

Печете ги доматите додека не се стегнат белките, околу 20 минути.

Внимателно истурете ја дополнителната течност што се собрала околу јајцата.

Украсете со магдонос и послужете.

Пријатно!

Слични содржини