Зајакнувањето на имунитетот е еден од најважните фактори за долг и убав живот. Современиот начин на живот доведе до тоа редовно да сме изложени на многу напади кои го загрозуваат нашиот имунолошки систем.
Стресот, лошата исхрана, тутунот, алкохолот, како и физичката неактивност на луѓето се едни од најголемите напаѓачи на нашиот имунолошки систем. Ви носиме листа на суплементи кои ќе го зајакнат вашето тело, а кои ги препорачуваат имунолозите:
Витамин Ц
Витаминот Ц помага да се спречи оштетување на ткивото, ја штити крвта од слободните радикали и го враќа витаминот Е во активна форма. Покрај синтезата на колаген, витаминот Ц ја зајакнува здравата функција на имунолошкиот систем, кој игра важна улога во спречување на настинки и скратување на нивното времетраење, како и забрзување на закрепнувањето од рани и гребаници. Недостатокот на витамин Ц може да предизвика голем број здравствени проблеми, а најчестите симптоми вклучуваат губење на тежината, замор, воспалено крварење на непцата, рани на кои им треба долго време да зараснат и настинка по настинка. Препорачаната дневна доза е 90 mg за мажи, 75 mg за жени, а пушачите треба да земаат дополнителни 35 mg дневно.
Витамин Д
Витаминот Д го зајакнува телото и му помага да се бори против бактериите и вирусите, а може да ја намали и појавата на чести респираторни инфекции. Статусот на витамин Д првенствено зависи од изложувањето на сонце, па затоа варира во текот на годишните времиња. Витаминот Д контролира колку калциум ќе се апсорбира од храната, колку ќе се апсорбира или ослободува од коските. Стотици тековни медицински студии покажуваат дека оваа моќна супстанца има исклучително голем потенцијал како заштита од болести на цивилизацијата, како што се рак, срцев удар, дијабетес, депресија, деменција. Бидејќи витаминот Д не се наоѓа во многу намирници, може да имате корист од суплементите, особено во зимските месеци ако не поминувате многу време надвор од дома.
Цинк
Цинкот во организмот игра одбранбена улога во борбата против токсините и другите штетни материи кои ги внесуваме секојдневно. Исто така, игра клучна улога во производството на Т-клетки кои го бранат телото од вируси и канцерогени клетки. Накратко, недостатокот на цинк го загрозува имунитетот, што го прави телото поподложно на болести. Цинкот од црвеното месо се смета за исклучително корисен бидејќи дури и малите количини црвено месо во исхраната ја зголемуваат апсорпцијата на цинк од сите други диететски извори на цинк како мешунките и други зеленчуци како брокулата, карфиолот, кељот и зелката. Лекарите советуваат да се земаат дополнителни 15 до 30 mg цинк, особено во овие студени месеци.
Куркумин
Ова е главната супстанца на куркумата, која има бројни здравствени придобивки. До денес, околу 120 студии покажаа дека оваа состојка е ефикасна во лекувањето на болести, од автоимуни до Алцхајмерова болест. Куркумата влијае и на низа други состојби, како што се главоболки, чешање, болести поврзани со дигестивниот систем, болки во зглобовите, надуеност. Препорачаната дневна доза е околу 1.000 mg