Идеална ужина која помага и за поцврсти коски (РЕЦЕПТ)

од Elena Daskalova
364 прегледи

Следниот рецепт е идеален за почеток на денот или за попладневна ужина. Освен што е вкусен, поради состојките кои ги содржи, го снабдува телото со доволно калциум, а со тоа и ги зајакнува коските.

Препорачлив е за луѓето кои се склони кон остеопороза.

Состојки:

Една поголема банана
Неколку листови кељ
2 урми без семки
Една чаша смрзнати боровинки
Една лажичка какао
Две коцки темно чоколадо
Мраз и вода

Подготовка:

Сите состојки, освен мразот, ставете ги во блендер. Откако ќе се изедначи смесата ставете го мразот. Пијте во мали голтки. Оваа количина е доволна за еден оброк, за едно лице.

Слични содржини