Божиќните и новогодишните празници се најубавиот период во годината. Насекаде се чувствува магијата на празниците, а тоа нè потсетува дека е време да размислиме и за декорација на домот и канцеларијата. Денес споделуваме два бескрајно лесни, но забавни и убави идеи за евтини декорации , кои можете да ги направите заедно со семејството и пријателите.
За првата идеја ќе ви се потребни неколку дрвени штипки, туфни кои може да ги купите од продавница за текстил или книжарниците, боички за цртање, обоени конци и предиво.
Обојте ги штипките во бело. Откако ќе се исушат добро може да ги залепите топчињата како човечки носиња. Останува со помош на маркер да им подготвите и очи. Обоените коњчиња ќе послужат за марами на снежните мажи. Останува да им се најде и соодветно место.
Циметот е одличен зачин кој го конзумираме со задоволство почесто во есенско-зимските месеци. Од циметните стапчиња се прави одлична миризлива божиќна декорација. За да си направите еленчиња ќе ви требаат неколку стапчиња, очи и туфни.
Залепете ги прачките една за друга. Потоа фиксирајте ги и останатите детали. Со помош на панделки закачете ги еленчињата на посакуваното место.