Идеја од „милион долари“: Како инстант нудлите станаа најголемиот јапонски изум во 20 век

од Aleksandar Petrovski
239 прегледи

Најголемиот изум на Јапонците во 20 век како тие сами кажуваат се инстант нудлите. Оваа храна е создадена како одговор на недостаток од храна во повоената Јапонија и од тогаш станува одлика на човечката исхрана ширум светот.

Инстант нудлите се најбрзо и наједноставно јадење кое некогаш е измислено. Генијот кој се наоѓа зад нив е Јапонецот Момофуку Андо.

Во повоената Јапонија немало многу храна а до свежи нудли било тешко да се дојде. Така тој направил нудли користејќи брашно, сол и вода, па ги испржил. Кога ќе се исушат може да траат со месеци.

Првиот пакет пилешки парчиња Момофуку ги продал во 1958 година за цена од 35 јени. Денес тоа би било 5 долари.

И покрај цената, продажбата растела а во 1971 година Момофуку дошол до уште една идеја – нудли во чаша.

На Запад станале омилено јадење на студентите, а на Исток станале неизоставен дел во бројни менија.

Во денешно време секоја година се продаваат 103 милијарди пакувања на инстант нудли.

Слични содржини