Идеја за ручек: Мусака со спанаќ, здрав и вкусен оброк, полн со витамини

од Vladimir Zorba
290 прегледи

Спанаќот е вистинска ризница на витамини и минерали, па затоа е важно често да го вклучувате во вашата исхрана.

Сепак, семејствата кои имаат деца знаат дека овој зеленчук обично не е нивниот омилен избор за ручек, со сите негови здравствени придобивки.

Затоа ви носиме рецепт за мусака со спанаќ кој сигурно ќе им се допадне.

Состојки:

1 кг спанаќ
4 главици кромид
600 гр мелено месо
малку брашно
бибер
сол
2 јајца
100 мл хопла
100 гр кашкавал
малку ориз

Подготовка:

Исчистете го, измијте го и сварете го спанаќот. На масло пропржете го кромидот, па додадете го месото.

Кога месото е готово, зачинете го, додадете ги јајцата, брашно на врв на ножот и малку ориз.

Огноотпорниот сад подмачкајте го со масло. Наредете го спанаќот на дното од тавата, па повторно додадете го месото и спанаќот.

Изматете ги јајцата, додадете ја хоплата и прелијте ја мусаката. Загрејте ја рерната на 180 степени и печете ја мусаката 45 минути.

Извадете ја од рерна, па одозгора наросете рендан кашкавал и вратете ја да се пече уште 10 минути.

Послужете ја топла со сезонска салата.

На здравје!

Слични содржини