Мусака со пилешко и зеленчук

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 300 гр пилешко бело месо

– половина цвет брокула

– 2 моркова

– 1/2 шолја замрзнат грашок

– кромид

– 2 лажици путер

– малку маслиново масло

– 2 лажици брашно

– сол, бибер, куркума

– 2,5 дл вода со лажичка сув билен зачин

– 2 јајца

– 1 павлака

– малку млеко

– 500 гр компири

Подготовка:

Излупете ги компирите, исечете ги на прстени и сварете ги, кога водата ќе зоврие, варете ги уште 15 минути.

Во меѓувреме на путер и маслиново масло издинстајте го младиот кромид, додадете ситно сечкани моркови и пилешкото исецкано на коцки зачинети со сол, бибер и куркума.

Неколку минути пред крајот на варењето на компирите, во водата додајте грашок и сечкана брокула.

Додадете брашно во пилешкото и добро измешајте, истурете вода измешана со лажичка суви билни зачини, па додадете малку сол и бибер. Сè добро измешајте.

Потоа во пилешкото додадете грашок и брокула и варете додека сосот малку не се згусне.

Во подмачкан огноотпорен сад ставете ред компири, па смесата од месо и завршете со ред компири.

Се пече на 200 степени околу 30 минути, се вади и одозгора се става смеса од павлака, јајца и млеко, па се враќа во рерна и се пече уште 15 минути.

Се сече на коцки и се сервира со салата по ваш избор.

Слични содржини