Идентификувани маскираните напаѓачи кои учествуваа во инцидентот во Куманово

од Nikola Popovski
164 прегледи

Јавното обвинителство во Куманово соопшти дека заедно со кумановската полиција „интензивно постапуваат за расчистување на настанот регистриран на видеоснимки објавени на социјалните мрежи, во кои, според првичните информации кои се проверуваат, две лица биле предмет на напад од поголема група“.

„Речиси сите лица од објавената видеоснимка се веќе идентификувани и се преземаат дејствија за утврдување на причините и мотивите за инцидентот. Се врши распит и на учесниците и на други лица кои би можеле да имаат одредени сознанија. По целосно утврдување на фактите, Основното јавно обвинителство Куманово ќе донесе одлука за натамошниот тек на постапката, за што јавноста веднаш ќе биде информирана​“, пишува во соопштението од ЈО.

Вчера Алијанса на Албанците (АА) информира за напад на младо момче во Куманово од страна на поголема група маскирани лица и апелира за наоѓање на сторителите.

На видеото објавено на социјалните мрежи може да се забележи како среде ноќ група на лица трчаат и потоа се враќаат со трчање и влегуваат во автомобили. Се слуша викање и пцовки.

Слични содржини