Швајцарските власти ги идентификуваа сите 40 жртви од пожарот што избувна на новогодишната ноќ во барот „Констелејшн“ во одморалиштето Кран-Монтана, меѓу кои и 20 малолетници.
Меѓу жртвите се 21 швајцарски државјанин, едно лице со двојно швајцарско-француско државјанство и 18 странци на возраст меѓу 14 и 39 години, повеќето од нив малолетници, соопшти синоќа кантоналната полиција Вале.
Меѓу странците има осум Французи, меѓу кои и 15-годишно девојче со француско-израелско-британско државјанство, шест Италијанци, еден Белгиец, еден Португалец, еден Романец и еден Турчин, објавува швајцарскиот весник „Темп“.
Шестмина од 119 повредени остануваат да бидат идентификувани, објавува BFM TV.
Според податоците објавени од швајцарските федерални власти, 35 пациенти со тешки изгореници се префрлени во болници во Франција, Белгија, Германија и Италија.
Вчера италијанските власти објавија дека телата на петмина од шесте починати Италијанци ќе бидат репатрирани во земјата денес.
Во Швајцарија е покрената кривична истрага против француски пар, сопственик на барот „Констелејшн“.