Идентификувани телата на 81 жртва од пожарите во близина на Атина

од desk4
88 прегледи

  Противпожарната служба на Грција синоќа соопшти дека се идентификувани телата на 81 жртва на шумските пожари, кои беснеаа во близина на Атина минатата недела.

Четири жртви починаа во болница, а едно лице се уште се води за исчезнато, соопшти противпожарната служба.

Роднините на жртвите од пожарите во Грција ја тужат државата

Над 90 лица изгореа и десетици други беа повредени кога се обидоа да избегаат од огнот во градот Мати, источно од Атина, на 23 јули.