ИДФ и Шин БЕТ: Во ноќешната копнена операција во Газа ослободен заробен израелски војник

од Radmila Tasevska

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и безбедносната агенција Шин Бет соопштија дека капларот Ори Мегидиш, кој беше заробен од терористичката група Хамас на 7 октомври и однесен во Појасот Газа, ноќеска е спасен во копнената операција на израелските сили.

Во заедничката изјава, ИД и Шин Бет се наведува дека капларот Ори Мегидиш е во добра состојба и веќе се вратил во семејството.

ИДФ соопшти дека Мегидиш бил спасен за време на копнената операција во текот на ноќта, но не даде дополнителни детали за начинот на ослободувањето.

Мегидиш е припадник на извидувачка единица и Хамас го зеде за заложник на 7 октомври, кога терористите упаднаа во базата Нахал Оз.

Слични содржини