Израелските копнени сили се судираат со борците на Хамас ширум Појасот Газа, објави израелската армија, давајќи досега најјасна потврда дека започнала планираната копнена офанзива.
Во исто време, палестинската милитантна група Хамас објави дека нејзините борци се судриле со израелските војници на околу два километри од градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, пренесува „Ројтерс“.
Жителите на градот, втор по големина во Појасот Газа, од кои многумина се преселиле за да избегаат од израелско-палестинскиот конфликт, потврдија дека може да се слушне оган од тенкови, изразувајќи стравување од нова израелска копнена офанзива.
Израелската армија претходно им нареди на луѓето да се евакуираат од некои делови од градот и предградијата, но не беше објавен нов копнен напад на југот на палестинската енклава.