257
Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека нејзини воени авиони погодиле зграда на Хезболах во Либан.
„Извршено е артилериско гранатирање за да се отстрани заканата во областа Кфархамама“, се вели во соопштението, според Тајмс оф Израел.
Претходно денеска израелските сили соборија беспилотно летало наполнето со експлозив што Хезболах го лансираше над израелскиот град Метула.
ИДФ соопшти дека нема повредени.