ИДФ: Убиени 13 израелски војници бидејќи по грешка биле идентификувани како „терористи“

од Stefanija Kuzmanovska
350 прегледи

Израелската армија објави дека од почетокот на копнената операција во Газа, 13 израелски војници по грешка биле убиени бидејќи погрешно биле идентификувани како „терористи“, пренесува израелскиот весник „Хаарец“.

Како што пренесува „Гардијан“, вчера израелската армија објавила податоци дека од почетокот на копнената операција во Газа загинале 104 нејзини припадници, а 582 биле ранети.

Инаку, Израел продолжи со бомбардирањето на Газа во вторникот, откако соопшти дека неговата кампања за уништување на Хамас ја оставила палестинската милитантна група на „работ на колапс“, пренесува АФП.

Официјалните лица за помош стравуваат дека опколената територија наскоро ќе биде обземена од болести и глад, и вршат дипломатски притисок врз Израел да ги засили напорите за заштита на цивилите.

Слични содржини