Идната влада ќе биде посветена на силни реформи, ѝ порачал Мицкоски на швајцарската амбасадорка

од Nikola Popovski
1,2K прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Марија Митева и секретарот за меѓународна соработка, Стефан Андоновски оствариле средба со амбасадорката на Швајцарија Н.Е. Вероник Хулман.

На средбата се разговарало за идните чекори на ВМРО-ДПМНЕ за формирање на идна стабилна Влада и била потенцирана силната посветеност на ВМРО-ДПМНЕ која како идна влада ќе се посвети на трите главни постулати – борба против криминалот и корупцијата, забрзан економски развој и реформите неопходни за евриоинтегративниот пат на Македонија.

-Претседателот Мицкоски се заблагодари на амбасадорката за поддршката која Швајцарија и ја пружа на Македонија од осамостојувањето до денес и со сигурност се потврди и соработката која ќе се продлабочува и проширува во иднина, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини