Иднината на С. Македонија треба да биде во европското семејство, му кажал Петков на Руте

од Nikola Popovski
264 прегледи

Иднината на Северна Македонија треба да биде во европското семејство, нема две мислења за ова прашање, изјавил бугарскиот премиер Кирил Петков по средбата со неговиот холандски колега Марк Руте, одржана денес во Софија.

Петков и Руте разговарале и за ветото за Македонија.

-Сега станува збор за конкретни конструктивни чекори за заеднички да го тргнеме овој пат. Ова не е функција на календар или очекувања, ова е функција на заедничката работа што треба да ја завршиме заедно. Кога ќе го направиме тоа, нашата влада ќе го донесе прашањето во бугарскиот парламент и се надевам дека во блиска иднина ќе можеме да направиме напредок и да ја направиме европската иднина на Северна Македонија реалност, кажал меѓу другото Петков.

Слични содржини