Се чини дека иднината на менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, е решена. Според „Дејли мејл“, Италијанецот е на пораз од тоада биде отпуштен. Неговиот тим се претставува катастрофално на некои од неодамнешните дуели.
Екипата загуби од Манчестер Јунајтед со 2:0 на својот „Стемфорд Бриџ“ и отпадна од ФА Купот, а освен тоа допушти срамни порази во Премиер лигата од Борнемут и Манчестер Сити, со кои запиша црни страници во клупската историја.
Фановите веќе се крајно незадоволни од експертот и агитираат за негова смена, а Френк Лампард и Зинедин Зидан се дефинираат како фаворити да го заменат, во случај да дојде до смена на искусниот Италијанец.
Ако Челзи загуби против Малме во реваншот за Лига Европа, Манчестер Сити во финалето на Карабао Купот или пак Тотенхем, тогаш Сари во секој случај ќе мора да бара нова работа.