Иднината на Верстапен во Ред Бул по 2025 година не е загарантирана

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Советникот за моторспорт на тимот на Ред Бул Формула 1 изјави дека останувањето на Макс Верстапен во Милтон Кејнс по крајот на сезоната 2025 воопшто не е сигурно, и покрај договорот што го има Холанѓанецот.

Иднината на трикратниот светски шампион беше предмет на многу шпекулации на почетокот на годината, а се зборуваше дека тој би можел да го напушти Ред Бул уште на крајот на оваа сезона, поради расправијата меѓу Марко и Кристијан Хорнер. На крајот беше потврдено дека Верстапен и следната година повторно ќе вози за тимот, но според Марко неговиот престој после тоа е далеку од загарантиран.

Холанѓанецот е под договор со Ред Бул до крајот на 2028 година, а потпиша веднаш по освојувањето на првата титула во 2021 година.

„Следната година ќе вози за Ред Бул. Но, 2026 година е многу далеку и не можам да ви кажам ништо. Засега сме фокусирани на борбата за титулата во 2024 година“, изјави Марко за ОЕ24 на прашањето дали Макс ќе вози за Ред Бул во следните две години.

Слични содржини