Настаните околу Украина и САД ги забрзуваат коалициските преговори за формирање нова влада во Германија меѓу Христијанско-демократската унија (ЦДУ/ЦСУ) и Социјалдемократската партија на Германија (СПД), беше објавено во понеделникот во Берлин.
„Според мене, сега е неопходно брзо да се дејствува“, изјави претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и веројатно иден германски канцелар Фридрих Мерц по состанокот на раководството на ЦДУ/ЦСУ.
Тој рече дека целта на разговорите меѓу ЦДУ/ЦСУ и СПД до вонредниот самит на Европската унија за Украина во четврток е да се постигне договор за финансирање на идни проекти, пред се за финансирање помош за Украина.
Мерц го коментираше и скандалот во Белата куќа кога во петокот пред камерите се случи конфронтација меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, и рече дека верува оти целиот настан е инсцениран.
„Неколку пати ја прегледав снимката од таа средба. Според мене, ова не е спонтана реакција на изјавите на Зеленски, туку планирана ескалација“, рече Мерц.
Истовремено, тој изрази мислење дека треба да се направи се за да се задржат американските војници во Европа.
Мерц рече дека откако ќе биде избран за канцелар, ќе се грижи за terminot на неговото патување во САД.