ИФИМЕС: Ескалацијата на конфликтот во Газа може да доведе до нова светска војна

од Vladimir Zorba
286 прегледи

Откако јеменските бунтовници Хути се приклучија на израелско-палестинскиот конфликт во Газа на страната на Хамас со напади врз бродови во Црвеното Море, експертите забележуваат ескалација, а некои од нив изразуваат страв дека човештвото се движи кон Третата светска војна, според анализа на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС).

Во текстот насловен „Израелско-палестинскиот конфликт“ се прави паралела помеѓу сегашната ситуација и онаа од доцните 1930-ти, во предвечерието на Втората светска војна, кога, како што се наведува, економиите беа во рецесија и луѓето често го изразуваа своето незадоволство преку штрајкови.

ИФИМЕС наведува дека веднаш по нападот на 7 октомври на југот на Израел од страна на Хамас, американскиот претседател Џозеф Бајден отишол во Израел и дал гаранции дека САД стојат покрај Израел и дека Израел има целосно право да се брани и дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го сфатил ова како „отворена сезона за лов“ и продолжил со целосен воен напад врз Газа.

Слични содржини