ИФИМЕС: Не се исполнети основните услови за фер и демократски избори

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана објави анализа со проценка на аналитичари, во која тие предупредуваат дека се уште не се исполнети основните услови за спровдување фер и демократски избори во Македонија, закажани за 24. април оваа година, пренесува НОВА.

875489549439043-670x519

Доколку не дојде до пролонгирање на изборите, се наведува во анализата, потребно е да се размислува на темата за бојкот на изборите, бидејќи бојкотот од опозицијата дополнително ќе ги интернационализира настаните во Македонија, на која и е нужно потребен поширок консезус за нејзината иднина.

Аналитичарите од љубљанскиот Институт сметаат дека се работи за нерамноправен натпревар меѓу политичките актери, бидејќи со клучните процеси и текови доминантно управува и ги режира ВМРО – ДПМНЕ односно двоецот Груевски- Мијалков, на кои целосно им се потчинети двајцата албански лидери Али Ахмети и Мендух Тачи.

Притоа како карактеристики на режимот на Груевски од 2006. година до денес, во анализата се наведуваат: самоизолација, непотизам, осиромашување, невработеност, девастација и воспоставување на контрола во речиси сите сегменти на општеството, нетранспарентност, само формално постоење на повеќепартизам, корупција и посебна улога на тајната служба УБК, која до неодамна ја водеше Сашо Мијалков, братучед на Груевски.