„Поради својата геополитичка и геостратешка положба, Северна Македонија е раскрсница на регионален и меѓународен криминал и различни интереси, затоа се прават огромни напори од страна на Министерството за внатрешни работи и безбедносно-разузнавачките агенции за сузбивање на (организираниот) криминал и корупција на и преку нејзината територија. Северна Македонија исто така претставува најголема бариера за мигрантите кои сакаат да ја преминат за да влезат на територијата на ЕУ. Северна Македонија ја штити ЕУ од мигранти и тука најголема заслуга има Министерството за внатрешни работи на чело со министерот Оливер Спасовски (СДСМ)“, се вели во анализата на ИФИМЕС.
„Тековната тајна разузнавачка операција со кодно име „Коњски скок”, која е координирана од Будимпешта, сè уште претставува висока безбедносна закана и ризик. Главната цел на операцијата е рушење на постоечката влада, а крајната цел е враќање на поранешниот премиер Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ) во Северна Македонија. Затоа е важно македонските власти, заедно со партнерите и сојузниците од ЕУ и САД, да инсистираат на официјална екстрадиција на Груевски во Северна Македонија.
Дестабилизацијата на државата со производство на бројни афери е интензивна. Откриени и лоцирани се повеќе од 160 медиумски портали кои продуцираат бројни (лажни) вести и афери. Компанијата, која води веб-страници за поддршка на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, е поврзана со унгарската јавна телевизиска мрежа Magyar Televizo (MTV), која е симпатична кон водечката партија Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Фокусот на разузнавачката операција “Коњски скок” е министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски (СДСМ), затоа што сакаат дефинитивно да се справат со него, а се чека најголемиот безбедносно-разузнавачки напад врз Северна Македонија и министерот Спасовски.
Главниот таргет од почетокот на акцијата „Коњски скок” е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој за само неколку години успеа да го постави МВР како лидер во регионот со бројни признанија, за професионализирана полицијата, а ги откри и демонтираше мрежите на одредени странски безбедносни и разузнавачки служби на територијата на Северна Македонија, особено руски, и затоа нападите врз него беа дизајнирани како еден вид одмазда за неговите успешни постапки. Министерот Спасовски одигра клучна улога во заштитата на уставно-правниот поредок и полициско-судскиот систем во државата. Македонскиот безбедносно-разузнавачки и полициски сектор се соочува со големи предизвици, закани и ризици, кои за жал доаѓаат од поединечни земји-членки на ЕУ и НАТО, а следниот напад, кој се очекува, е вклучена една од водечките разузнавачки служби во регионот, која има поддршка и помош во кадрите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но и на дел од владејачките структури, дури и функционери и/или оние кои имаат поддршка од владејачката СДСМ.
Аналитичарите сметаат дека е загрижувачки зошто НАТО алијансата, но и ЕУ и САД толерираат ваква активност на безбедносните и разузнавачките служби на одделни земји-членки во Северна Македонија, која не е само насочена против националните интереси на суверената земја-членка, туку исто така против интересите на самиот НАТО. Во пресрет на најголемиот безбедносно-разузнавачки напад врз Северна Македонија, кој може да претставува безбедносна пресвртница, неопходно е да се обезбеди соодветна поддршка и помош од партнерските и сојузничките земји, да се зголеми физичката заштита на клучните државни институции и заштитата на носителите на клучните јавни функции, особено министерот Спасовски, како главен носител во спротивставувањето на разузнавачката операција „Коњски скок” и странското, особено руското и кинеското влијание. Клучно е да се спречат нападите со преземање активности за одвраќање, а македонските власти мора да го координираат тоа со своите сојузници и партнери.
НАТО и ЕУ мора да и помогнат на перспективната европска земја да напредува во преговарачкиот процес и да продолжи да биде промотор и бранител на европските вредности и перспективи во регионот. Нападите врз Северна Македонија се случуваат во сенка и во позадина на војната во Украина, која е уште поопасна“, се вели, меѓу другото, во анализата.