САМО 11 од 30 земји на НАТО ќе одвојат најмалку 2,0 отсто од БДП за одбраната во 2023 година, се вели во најновиот извештај на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.
Во 2014 година, земјите-членки на НАТО се обврзаа да издвојат најмалку два отсто од својот БДП за одбрана во рок од 10 години, но повеќето од нив се далеку од таа цел.
Земјите на НАТО кои не ја исполнија целта, 19 од нив, годинава ќе потрошат вкупно 50 милијарди евра помалку за одбрана отколку што предвидува договорот од 2014 година.
Во 2023 година Германија ќе потроши 17,1 милијарди евра помалку од планираната распределба, што претставува значителен недостаток во заедничката каса на НАТО, забележуваат авторите на извештајот.
Од друга страна се издвојува Полска, која според очекувањата ќе издвои 16,9 милијарди евра повеќе за одбрана отколку што бара Северноатлантската алијанса во 2023 година.