Со кратка порака на Фејсбук се јави Игор Дурловски откако беше пуштен во куќен притвор по барање на Обвинителството, а по одлука на судот.

Тој претходно повеќе од 45 дена беше во притвор како еден од осомничените за настаните од 27 април и крвавиот упад во Собранието.
„Дома“, напиша ноќеска Дурловски на својот профил на кој сподели класична нумера со насловот „At home“.
Попладнево, тој пак се обрати преку социјалната мрежа каде напиша „Благодарам на сите кои ме поддржувавте во тешки времиња за мене и моите најблиски!“