555
Игор Ивановски ќе биде на чело на Советот за креирање и имплементација на политики во СДСМ, информира лидерот на владеачката партија, Димитар Ковачевски на прес-конференција после завршувањето на состанокот на Централниот одбор на партијата.
Според Ковачевски, поранешниот потпретседател и генсек на СДСМ, Игор-Ивановски, (познат под прекарот „Шема“) ќе креира Совет во кој што ќе членуваат поранешни и сегашни членови на партијата.
-Во Советот ќе има членови со социјалдемократска визија и знаење за креирање социјалдемократски политики, изјави Ковачевски.