Игор Којиќ со краток коментар за разводот со Северина

од Vladimir Zorba

Откако вчера беше објавено дека Северина Вучковиќ и Игор Којиќ се развеле по шест години брак, Којиќ денеска за првпат разговараше со медиумите.

– Сe е кажано, благодарам за разбирањето – им рече тој на новинарите на „Слободна Далмација“ кои побараа коментар.

Којиќ, исто така, објави фотографија со својот кум Борис Ѓикановиќ на својот профил на Инстаграм.

– Кум: Ова е еден од начините на кои Бог се грижи за нас – напиша тој покрај фотографијата каде Борис и тој се прегрнати, со хармоникаш и контрабасист што свири зад нив.

Да потсетиме, по неколкумесечни шпекулации дека нивната љубовна приказна заврши, во четвртокот официјално е ставен крај на бракот на Северина и Игор Којиќ.

Консензуалниот развод е потпишан во загрепскиот суд, само пет дена откако го поднеле барањето.

Слични содржини