Дритан Абазовиќ, премиерот на Црна Гора, е во центарот на вниманието откако на интернет се појавија видео снимки од прослава на која тој присуствувал.
Станува збор за видео кое ја изненади јавноста во Црна Гора и регионот, на кое може да се види како тој во занес танцува на една прослава.
Bebo ako si slobodna da mi igraš na svadbu ka dritan 😍 pic.twitter.com/U2nm5tKoP4
— Fenomen (@revakcinisan) June 4, 2023
На видеото се гледа и Алекса Бечиќ, претседателот на Демократска Црна Гора, како ракоплеска и скока.
Имено, Бечиќ во саботата објави дека се оженил, па некои корисници на социјалните мрежи шпекулираат дека видеото е направено на прославата на неговата свадба.
Да потсетиме дека ова не е прва снимка од ваков вид. Имено, на социјалните мрежи неодамна кружеше видео на кое Абазовиќ ужива на свадба и се весели меѓу младенците.