369
Неверојатни сцени, како од холивудските филмови, се случија на тренинг на српски Партизан.
Имено, во салата на ракометниот клуб е уапсен играч на „црно-белите“ откако членовите на жандармеријата и УКП го срушиле на подот и му ставиле лисици на рацете.
По апсењето на осомничениот член на криминалниот клан Беливук во салата што ја користеше РК Партизан во Белград, се огласи директорот на клубот, Александар Благојевиќ.
Тој за порталот „Телеграф.рс“ изјави дека клубот е запознат со ова апсење и дека тој е играч од помладата категорија.
– Ние сме спортски клуб. Ние спортуваме, а во ракометната школа имаме повеќе од 500 играчи. Слушнав за апсењето и тој е играч кој е во нашата помлада категорија веќе десет години – изјавил Благојевиќ.