Двајца од најважните играчи на Челзи го поддржаа менаџерот Антонио Конте, кој е под сериозен напон, по двата порази по ред на „сините“, при што тие дозволија вкупно 7 гола.
Италијанецот дури навести дека би го прифатил евентуалниот отказ, ако раководството се одлучи на такво нешто, но Гери Кејхил и Тибо Куртуа се искажаа во негова поддршка.
„Што и да се случи, играчите треба да ја преземат одговорноста. Неопходно е да се погледнеме во огледалото. Менаџерот направи неверојатна работа. Но, во последниот натпревар, бевме трагични. Не сум се чувствувал толку лошо долго време. Ние сме разочарани, но мораме да се смириме“, рече дефанзивецот.
„Ние веруваме во шефот, како и во тимот. Имаме постигнато два лоши резултати и сега само треба да се кренеме и да продолжиме понатаму. Дури и со 10 луѓе, гледате дека се бориме и тоа покажува дека имаме карактер. По два такви порази, сепак, јасно е дека ќе има напнатост“, вели голманот.