Играше со великаните во Манчестер, сега работи како поштар: „Тоа е луксуз…“

од Nikola Popovski
74 прегледи

На само 20-годишна возраст, Марник Вермијл дебитираше за Манчестер Јунајтед против Њукасл во натпревар од Лига купот, но неговата кариера не продолжи да се развива и денес Белгиецот работи како поштар.

Вермијл сега има 32 години и реши да направи интересна промена во кариерата. Ги закачи копачките, се прости од фудбалот и работи како поштар.

Почетокот на неговата кариера беше ветувачки и веќе во 2010 година се пресели од Стандард Лиеж во академијата на Манчестер Јунајтед. Тогаш тренер беше Оле Гунар Солскјер во помладите категории, а играше заедно со Пол Погба, Џеси Лингард, Равел Морисон и Мајкл Кин.

Во 2012 година играше за првиот тим заедно со великани како Вејн Руни и други против Њукасл во Лига купот (2:1), но сето тоа траеше толку кратко.

Веќе во 2015 година го напушти Јунајтед и замина на позајмица во НЕЦ, Шефилд Венздеј, Престон, Сканторп и на крајот заврши во холандски Мастрихт и белгиск Тес.

„Доста ми е од професионален фудбал. Се зависи од вашиот тренер. Забавата беше важен дел од фудбалот за мене“, изјавил Вермијл за белгискиот весник „Voetbalprimeur“.

На крајот ја објасни својата одлука и зошто ја сменил професијата.

„Како поштар станувам секој ден во четири часот, но сега сум дома околу ручек и можам да ги земам децата од училиште секој ден. Тоа е луксуз“, додал екс-фудбалерот.

Слични содржини