Игрите во Париз ќе бидат спектакуларни: Претседателот на МОК најавува спортски празник во Франција

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Олимписките игри во Париз ќе бидат прослава на спортот и промоција на сите правилни вредности, а навивачите ширум светот ќе можат да уживаат во спектакл кој ретко се гледа, вели претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томаш Бах.

Според него, олимпиското движење ги обединува луѓето и тоа ќе се покаже уште еднаш во главниот град на Франција, каде ќе се соберат спортисти од сите делови на светот.

„За милијарди луѓе ширум светот, Олимписките игри се симбол на мирот и вистинските вредности. Нашата цел не е да ги изневериме, туку да продолжиме со таа промоција и да им обезбедиме врвно задоволство за време на траењето на Игрите. Нè очекува спектакл во Париз, а верувам дека навивачите околу светот ќе бидат задоволни“, рече Бах и додаде:

„Многу труд и работа е вложен овие игри да бидат организирани на највисоко ниво, а сега е време да уживаме во заедништво, љубов и спорт. Ви благодариме на сите што ни го овозможија тоа“.

Свеченото отворање на Олимписките игри ќе се одржи во петок на 26 јули, но некои натпреварувања, како фудбалот, ќе започнат веќе на 24 јули.

Слични содржини