Игротеки во Битола продолжуваат со роденденски забави во време на корона вирусот

од Vladimir Zorba
1,5K прегледи

На Фејсбук страната на игротеката PlayZone од Битола беше споделено дека и покрај сите мерки на Владата во однос на коронавирусот, тие ќе продолжат со работа и организирање на родендени и други настани.

„Дали профитот треба да ни е над грижата за здравјето, особено на децата? Училиштата и градинките не се затворија вие да профитирате“, реагираат граѓани на социјалните мрежи по оваа одлука.

„Ако не се водите сами по препораките и укажувањата на МЗ, и ако родителите сметаат оти ова што се случува не е опасно, тогаш Господ на помош нека ни е. Кога не ти е најважно најмилото што друго да се коментира и за игротеките, ако нема деца, нема ни да работат. Совеста на некои е нула, ама тое“, споделуваат коменатри на Фејсбук.

„Е навистина сме чудесна земја, со уште почудесни луѓе!!! Впрочем такво е и името на една од овие игротеки. Под итно одземање на дозволата за работа. ако и покрај сите предупредувања на крајно сериозната ситуација продолжат да работат“, додава друг.

„Казни за сите кои не ги почитуваат препораките. Треба и ние граѓаните да ги пријавуваме сите што нема да се придржуваат до мерките (доколку забележиме вакви појави). Аман веќе од несовесност и неодговорност!“, споделуваат загрижени граѓани.

По реакциите, известувањето од нивната ФБ страна веќе е избришано.

Слични содржини