ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

Се забележува зголемување на два параметри, бакар и цинк, само од едно испитано место, а тоа е површинскиот слој каде што гореле литиумски батерии и истото е во рамките на очекувањата

од Nikola Popovski
26 прегледи Фото: Фејсбук профил на Марија Андоновска

Нема загадување со тешки метали на почвата кај Трубарево, соопштуваат од Институтот за јавно здравје. Информираат дека се земени мостри од повеќе локации од засегенатото подрачје за испитување на тешки метали во почва.

-По анализата на резултатите, нема отстапување од референтните вредности за сите испитани 16 тешки метали, наведуваат од ИЈЗ.

Се забележува зголемување на два параметри, бакар и цинк, само од едно испитано место, а тоа е површинскиот слој каде што гореле литиумски батерии и истото е во рамките на очекувањата.

Во сите останатите места нема отстапување од референтните вредности за испитаните тешки метали.

-Според добиените резултати, нема радиоактивност и на земените примероци од вода, соопштуваат од Институтот за јавно здравје.