ИЈЗ: Регистрирани сe 5.518 новозаразени, намалување од 14,6% во однос на минатата недела

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Според неделниот извештај на ИЈЗ за периодот 7-13 декември, регистрирани сe 5.518 нови позитивни случаи, намалување од 14,6% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје, а најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години. Најмал број е регистриран кај децата.

Починати се 174 лица, намалување од 5,4% во однос на претходната недела. Како оздравени се водат 5.313 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Слични содржини