ИЈЗ: Вакцинацијата против КОВИД-19 се препорачува за трудници, нема доказ за проблем со плодноста

од Берта Китинска
284 прегледи

Вакцинацијата против КОВИД-19 се препорачува за трудници. Сите кои имаат 18 години и се постари од 18, вклучително и оние кои се бремени, кои дојат,се обидуваат да забременат сега или планираат во иднина, треба да бидат целосно вакцинирани. Вакцината може да заштити од сериозни(тешки) компликации при КОВИД-19, а здравата мајка е важна за здраво бебе, соопштува ИЈЗ.

Институтот соопштува и дека било која вакцина не предизвикува неплодност, а бремените жени можат да примат и бустер доза.

– Бремените жени можат да примат бустер доза, доказите за безбедност и ефективност на вакцината против КОВИД-19 за време на бременоста растат, во моментов нема докази дека која било вакцина, вклучувајќи ја и вакцината против КОВИД-19, предизвикуваат проблеми со плодноста кај жените или мажите, стои во соопштението на Институтот за јавно здравје.

Слични содржини