ИЈЗ воспостави Центар за советување за откажување од цигари

од Nikola Popovski
33 прегледи

Инситутот за јавно здравје информира дека е воспоставен Центар за советување за откажување од пушење, при што е отворена и телефонска линија.

-Ако сакате да го оставите пушењето, ние сме тука да Ви помогнеме. Институтот за Јавно Здравје започнува телефонска линија за советување, со цел да Ве поддржи во вашиот процес на откажување од пушењето. Квалификувани стручни лица ќе Ви понудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето, стои во објавата на ИЈЗ.

Телефонскиот број 078 285 873 ќе биде достапен секој понеделник и среда од 11:00 до 13:00 часот.

Според истражувања на ИЈЗ објавени кон крајот на месец годинава, бројот на активни пушачи кај нас изнесува 45,4 отсто, со многу низок процент на луѓе – пет проценти кои успешно се обиделе и се откажале од пушење во последните години.

Слични содржини