ИЈЗ: За 9% е намален бројот на нови ковид-случаи во однос на претходната недела

од Nikola Popovski
372 прегледи

Девет отсто е процентот за кој се намалил бројот на нови случаи во периодот од 27 септември до 3 октомври споредено со неделата претходно, покажува анализата на Институтот за јавно здравје(ИЈЗ).

Во наведениот период, тестирани се 22.548 материјали,  со намалување од 10,1% во однос на минатата недела. Регистрирани се 2.670 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, за 9,0% помалку од минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 7,2% до 14,4%, просечно 11,6%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (1.309; 49,0%), а највисока инциденца е регистрирана во Кратово – 294,7/100.000.

„Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9години (н=86; 3,2%). Во однос на претходната недела, се забележува намалување на заболените лица кај сите возрасни групи, кое се движи од -1,6% кај лицата од 50-59 години инад 60+ години до -30,6% кај возрасната група од 0-9 години. Најголемо процентуално намалување се забележува кај помладата популација, односно кај лицата од возрасните групи од 0-9, 10-19 и 20-29 години“, стои во анализата на ИЈЗ.

Пријавени се 85 смртни случаи во 24 градови во текот на изминатата недела, најголем дел од нив се од Скопје (35). Најголем број (73; 85,9%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (10), 40-49 години (1) и 30-30 години (1).

Слични содржини