ИЈЗ: За една недела 38 лица повторно се заразиле со ковид

од Берта Китинска
369 прегледи

Во текот на мината недела вкупно се пријавени 38 реинфекции, зголемување од 5,6% во однос на претходната недела. Од почетокот на пандемијата до  31.октомври  вкупно се регистрирани 734 лица кои што по втор пат станале позитивни на ковид-19, информираат од ИЈЗ.

Според нив последната недела битката со коронавирусот ја изгубиле 71 лице, од кои што најмногу во Скопје каде од ковид-19 починале 18 лица, а останатите во 22 градови ширум земјава.

Најголемиот дел од починатите  лица припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (5), 40-49 години (5), 30-39 години (2) и од 10-19 години (1 лице).

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ моментално се хоспитализирани 476 лица, а од нив 248 се на кислородна поддршка и 8 на механичка вентилација.

Досега во земјата се направени вкупно 1.386.978 тестирања на ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 202.705, бројот на оздравени пациенти е 188.849, на починати е 7.145, а бројот на активни случаи изнесува 6.711.

Слични содржини