ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Бараме брзи избори, конгресот на партијата ќе се одржи на 12-ти декември

од Nikola Popovski

Вечерва се одржа седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој било одлучено дека брзи избори би биле единствено решение за излез од кризата, според нив.

-Со СДСМ нема да има нова влада, може да има само продлабочување на економската, енергетската и политичката криза и поставувањето на нов Заев ќе биде продолжување на неговите политики. ВМРО-ДПМНЕ смета дека брзи избори би биле единствено решение за излез од кризата. Се друго е влегување во уште поголема неизвесност, соопшти вечерва членот на Извршниот Комитет на партијата, Драган Ковачки.

Тој исто така информираше дека ИК расправал и за партиски прашања.

-Претстојниот редовен конгрес ќе се одржи на 12-ти декември во Скопје. Очекувам Мицкоски да биде кандидат на Конгресот, согласно резултатите на изборите, нагласи Ковачки.

Слични содржини