330
На 11 ноември, Иларија Болдвин, сопругата на актерот Алек Болдвин, соопшти дека имала спонтан абортус.
„Со тага соопштуваме дека го изгубивме бебето во четвртиот месец од бременоста. Исто, сакаме да знаете дека иако сега не сме добро, наскоро ќе бидеме“, напиша таа на Инстаграм.
Иларија и Алек Болдвин имаат четири деца. Парот претходно годинава исто изгуби едно бебе. Во септември годинава соопштија дека таа е повторно бремена и дека не планираат да го криат тоа од јавноста.
Тие се венчаа во 2012 година и оттогаш ги добија децата Кармен, Рафаел, Леонардо и Ромео. Парот неколкупати се обиде да добие уште едно бебе.