Амбасадорите на САД и на Европската Унија, Џес Бејли и Аиво Орав, не биле запознати со идејата на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ да се предложи скандалозниот закон за цензура на „бомбите“. Тие во текот на денот побарале објаснување од премиерот Никола Груевски, но не добиле задоволувачки одговор, објави Плусинфо. Доколку предлагачите самите не го повлечат законот и не се согласат за судбината на „бомбите“ да се преговара дополнително, Бејли и Орав ќе бидат принудени јавно да се огласат. Вечерва Џафери од ДУИ тврдоглаво демагошки и неаргументирано ги бранеше тезите на Груевски , иако новинарите отврено му рекоа дека се глупави и цензорски.

Во моментов, во Клубот на пратениците не се разговара за изборната регулатива, туку за скандалозниот закон. За десетина минути се очекува на преговарачите да им се обрати и еврокомесарот Јоханес Хан, со барање законот да се повлече. Претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ претходно итно биле повикани во амбасадата на САД, за да им биде кажано дека ваквиот закон не смее да помине и дека текстот содржи неверојатно скандалозни одредби.
Според последното, амбасадорите Бејли и Орав биле барале гаранции а во клубот на пратениците бил повикан и Трајко Вељановски, и веројатно кнедлата цензура ќе си ја голтне, па утре Никола Груевски ќе предложил законот демек да се повлече на доработка.
СДСМ веројатно во насока на договореното во Пржино бомбите да не се детонираат во иднина,предупредиле до колку не се повлече овој закона на колаицијата на власта од утре ќе распали со бомбите во знак на несогласување и против заведувањето на цензурата.
Вечерва жестока реакција на новинарите и повеќето портали кои се изјаснуваат дека нема да го почитуваат законот дури и да биде изгласан од полтронските пратеници . Синдикатот на новинарите и медиумските работници со реакција дека ова е законска рамка за цензура на медиумите и најавува жестоко спротиставување со сите можни средства.
„Без сомнение овој предлог-закон е кршење на членот 16 од Уставот на Република Македонија во кој се наведува дека цензурата е забранета, се вели во соопштението на ССНМ. Предлог законот недвојбено преставува обид за цензура која е неприфатлива за која било земја која сака да се декларира како демократска.Одредбата во која се предвидува дека“тој што неовластено поседува, обработува и располага на било кој начин со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации, ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години” дополнително ја загрозува кревката слобода на изразување и ќе преставува сериозна закана за работата на новинарите. Апелираме пратениците да не го изгласаат овој закон и да сторат се што е во нивна можност тој да не помине во собраниските процедури“ се вели во соопштението на ССНМ
Ноќеска се очекува сепак под притисок на новинарската и граѓанска јавност Талат Џафери, ДУИ и Вељановски да си ја голтнат кнедлата на Груевски и утре да одглумат повлекување на законот , или во спротивно Заев ќе распали со „бомбардирањето“ од Бихаќка. ЗА утре новинарите и БВО секторот исто најавуваат жесток одговор на кршењето на Уставот и воведувањето цензура.