СДСМ повторно постави прашања и побара дексласифицирање на документацијата која би требала да го потврди случајот со наводното следење на премиерот Христијан Мицкоски.
-Дали Христијан Мицкоски се плаши од содржината на овие документи кои доколку се декласифицирани ќе ги покажат врските на премиерот со странски служби од непријателски држави?
Дали е точно дека оперативната обработка на АР и АНБ која власта одбива да ја декласифицира била во врска со откривање на руски агентурни мрежи, екстремизам и финансирање на дестабилизацијата на државата?
Дали е точно дека Мицкоски иако не бил мета на следење влетал во комуникација со лица кои има за цел да ја десталибизиаат државата, а биле финансирани од странски пари?
Дали дел од овие финансии завршиле лично кај Христијан Мицкоски или во сефовите на Белата Палата, праша денеска потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски.
Тој истакнува дека основна цел на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање е да ја штитат државата од странски и домашни непријатели.
-Дали Мицкоски за торби парии ги продал интересите на сопствената држава на странски непријателски држави, кажа Илиевски на прес-конференција во седиштето на СДСМ.