414
Се обединуваме за доброто на Куманово! ЛДП, ДУИ, НСДП, БЕСА, Партија на Пензионери, ПДПР, ПЦЕР, Турска Народна партија, Партија за движење на Турците, голем е коалицискиот потенцијал на СДСМ!, обелодени денес кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Оливер Илиевски по средба со претставниците на партиите.
Тој потенцира дека нивната заедничка цел е зелен и модерен град, со квалитетен живот за сите наши сограѓани.
-Затоа како СДСМ и коалиција, заедно со граѓаните, на 31ви сме убедливи победници!, стои во објавата на Илиевски.