190
Извршивме анкетирање и ги знаеме сите проблеми на Кумнаово, дел ги ставивме во програмата, вели Оливер Илиевски, коалиција „Најдоброто за мојата општина“, предводена од СДСМ во Студио 10 на ТВ24.
-Главен проект е подземни сообраќајници и паркинзи под земја, а ќе се добие и модерен плоштад. Изградба на фудбалски стадион во Куманово е приоритет, град од 120.000 жители треба да има клуб барем во втората фудбалска лига. Уште две катни гаражи треба да го решат сообраќајниот метеж, да се ослободи градското подрачје. Треба да се направи ГУП кој во Куманово го нема 20 години. Во нашиот мандат ќе направиме ГУП, сега нема сообраќаен елаборат. Планираме проширување на уште две сообраќајници во централното градско подрачје, вели Илиевски.