Илија Димовски стоел настрана од останатите обвинети во „Титаник“

од desk2
152 прегледи

Илија Димовски, актуелен пратеник и поранешен шеф на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, стоел настрана и воопшто не сакал да комуницира со останатите обвинети од случајот „Титаник“ на СЈО на вчерашното рочиште на кое одекнуваа „бомби“ за тоа како тогашната власт настојувала од петни жили да победи на локалните избори во 2013 во Центар, објави Независен.

Обвинетите во случајот „Титаник“ не разговарале меѓу себе на паузите, а особено одбегнувањето на своите сопартијци од страна на пратеникот Димовски.

Во „Титаник“ се обвинети уште Никола Груевски, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска. Случајот „Титаник“, кој е поделен во три обвиненија со над 30 обвинети, е најголемиот од сите на СЈО.